ФОТО | Ретро ризница на забавни предмети од 90’тите: Партија нинтендо или победа тетрис?

ретро игри/ Facebook
ретро игри/ Facebook

Може е петок, може е само носталгија по некои убави времиња кога имав 9 години и единствена грижа ми беше дали викендот ќе има мекици за појадок, ќе одиме на излет со моите или ќе има батерии на Тетрисот. 

Сепак,  носталгијата е само капка во морето емоции кога си веќе возрасен, со други желби и мотиви, а богами и други перцепции кон најновата технологија. Сегашното дете можеби би се заиграло со тетрис или „чибичан“ милениче… Да речеме максимум 8 минути од својот живот. Можеби треба и да се провери како би делувале овие наши „геџети“ на современите деца?

Во чест на нашето детство, еве неколку фотки од минатото во кое верувавме во светла иднина.

Неговото Височество, Тетрис

Тетрис/Facebook

Кој не го бидуваше логика (мене), често утнуваше редови за поени и се возбудуваше на звукот „брагау“, кога ќе пополнеше цела лента коцки.

Кралот на игрите, Нинтендо

Nintendo/Facebook

Оваа „играчка“ беше тимска. Се собиравме по другарчиња, роднини, кој каква конзола има и терај… Додека некој од повозрасните не ти дојде со прекорен тон во соба и го исклучи. Ех, спомени.

*ми свири мелодијата од Супер Марио во глава

Гемче, каков „геџет“!

гемче игра
гемче/Facebook

Мислам дека вчера дознав зошто сме го викале „гемче“ (од Game, се разбира). Ќе се расплачам. Минијатура на која се играа тетрис, билијард, фудбал… не ми ни текнува веќе што.  Беше вистинска фешта ако ти го позајми некој „на едно вртење“.

Чипичан или чибичан или „Tamagoci“: Милениче од идината

чибичан/Facebook
чибичан/Facebook

Првпат добив вакво чудо за роденден и не знаев да се грижам за него, признавам. Можев да одберам дали да биде некое чудно животинче, вонземјанин или верверичка.
Секогаш бирав вонземјанин, затоа што кога бараше „да јаде“, чибичанот пушташе вселенски звук.

Тасо жетони, социјална мрежа пред мрежите

taso/Facebook
taso/Facebook

И некој ќе рече дека денешниве деца „збеснуваат“ со фиџит – спинери, попит… Е па ние имавме тасо жетони и со нив мораше да се игра во пар, а другите да гледаат и навиваат. Се паѓаа во чипсови, а се менувавме како што се менуваат луѓе со сликички од албум. Се играше „на превртување“ или „спојки“ и како ден денес се сеќавам дека кога излезе серијата со Loony Tunes,број 1 беше црн, редок тасо жетон со Bugs Bunny и никој го немаше. Љубоморев кога му се падна на едно дете во класот и мислам дека плачев.

Тоа се тие наивни години. Сепак, panta rei!

Имајте убав петок 🙂

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот