ФОТО: Реконструкцијата на „Козара“ во Капиштец ќе почека некое идно лето

улица козара во капиштец
Ул. Козара во Капиштец/Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

На улицата „Козара“ во Капиштец, на која во моментов во тек е изградба на повеќе згради на местото на некогашните двокатни куќи, сепак не започна реконструкција, како што беше најавено пред неколку месеци. 

Во јули градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, потпиша барање за спроведување постапка за јавна набавка за обнова на улицата, како што тогаш рече, по барање на жителите.

Раскопана улицата Козара во Капиштец/Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Реконструкцијата  беше најавена како дел од големата летна градежна офанзива со која до крајот на летото требаше да бидат обновени 37 улици на територијата на Центар.

На прашањето од „Слободен печат“ зошто се планира реконструкција во услови кога истовремено се градат неколку згради од двете страни на улицата, по што задолжително ќе следат прекопувања на улицата поради поставување приклучоци, од Општина Центар одговорија дека се обезбедени пари во општинската каса и дека тоа е неопходно да се направи, пред сѐ, поради поплаките од граѓаните и големите оштетувања на горниот слој на асфалтот.

ул. Козара во Капиштец/Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

-Во врска со реконструкцијата и приклучоците за инсталациите, на улицата ќе бидат оставени отвори (тн. изводи), на кои подоцна би се приклучиле водоводните, топлински, електрични и кабловски мрежи. Со изводите, нема да има потреба од повторно прекопување на улицата – тврдеа од Центар.

Сега, од Општината нема објаснување ниту одговор зошто не започна реконструкцијата на улицата, но и на повеќе други улици чија обнова требаше да се случи во летните месеци.

Капиштец/ Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Сепак дел од она што беше започнато се заврши. Богдановиќ денеска информираше дека е завршена реконструкција на една од најфрекфентните сообраќајници во Капиштец, улицата „Народен Фронт“.

-Целосно е направена реконструкција на коловозот на површина од 11.542 квадратни метри и реконструирани се трите краци помеѓу зградите. Поставено е ново ЛЕД-осветлување и реконструирани се подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот. Воведуваме и резидентен паркинг на „Народен Фронт“ број 5,7,17,19,21,23, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ќе биде обележана штом се подобрат временските услови – вели Богдановиќ.

Обновата на улицата чинеше 40 милиони денари, пари што беа обезбедени од општинскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот