ФОТО: Разочарана легендата на Јунајтед, срамота е, како деца да играа фудбал!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Прославениот играч за врска во Манчестер јунајтед, Пол Сколс вели дека српскиот фудбалер Немања Матиќ е најголем виновник за поразот во Истанбул.

Потсетување, „црвените ѓаволи“ загубија во рамките од третото коло во Лигата на шампионите против на гостувањето кај турскиот Башакшехир (2:1).

Матиќ се најде на најголем удар покрај Бруно Фернандеш после поразот во ЛШ, дефанзивниот дел имаше пропусти, а една од клупските легенди Сколс смета дека виновен за тоа е Матиќ.

– Можевте да видите како Мајк Филан (еден од помошниците на менаџерот Оле Гунар Солскјер) кој стои од страна, покажува и говори: „Матиќ, Матиќ, требаше да бидеш таму – рече Сколс, а потоа додаде:

– Како деца да играа фудбал. Ќе разберев, можеби, да беше во тек последната минута и да бркавте гол. Но, колку поминаа, 15 минути? Срамота е. Немам идеја што правеше одбранбената линија. Мислам дека Јунајтед се мачи и офанзивно поради нив – се зборовите на Сколс.

Обложувалниците го знаат наследникот на Солскјер, ги објавија коефициентите за новиот тренер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот