ФОТО | Разголена, без градник и шминка: Вака изгледа Синди Крафорд во кревет, интернетот „гори“

Фото: As-faerniaty GoodFon

Поранешниот супермодел Синди Крафорд (58) е позната како една од најубавите жени во светот. Иако порано ја гледавме дотерана од глава до пети, познатата убавица сега одлучи на своите следбеници да им покаже како изгледа без шминка.

Крафорд на својот Инстаграм профил објави фотографија од кревет облечена во бела ноќница со тантела, без градник и шминка на лицето. Познатата убавица годро се фотографираше во сосема природно издание, со што уште еднаш покажа дека не се срами од своите години и достоинствено старее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Под објавата следуваа низа коментари од следбениците и обожавателите на супермоделот.

„Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Твојата кожа изгледа совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, „Ти си неверојатно убава“, „Толку убава без шминка“, „Убавина како никој друг“, „Убава и природна како и секогаш“, „Конечно некој чие лице не е целосно испружено“, се само дел од она што го кометнтираа обожабателите.

=

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот