ФОТО | Прво појавување на трансродниот актер по операцијата: Елиот Пејџ во одело со зелена роза на палтото

Фото: Profimedia

Елиот Пејџ неодамна имаше две премиери на црвениот тепих. Имено, тој се појави на Мет Гала , а тоа воедно беше и негово прво појавување на важен настан откако стана трансродова личност.

Актерот што некогаш го знаевме како Елен Пејџ , се појави во прекрасно издание на црвениот тепих на овогодинешната  Мет Гала. Изгледаше елегантно во предимензиониран црн костум и патики, а додека позираше пред насобраните фотографи не ја тргна насмевката од лицето.

Фото: Profimedia

Ова беше негово прво појавување на црвениот тепих, откако во декември минатата година ја објави веста за својот трансродов род, а воедно и прва Мет Гала.

Ѕвездата на филмот „Junо“ беше подложена на операција за отстранување на ткивото на градите со цел да се постигне посакуваниот помажествен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elliotpage


„Тоа целосно го промени мојот живот“, изјавил актерот за магазинот „Time“, додавајќи дека операцијата го ослободила од целосниот пекол низ кој поминал за време на пубертетот и му овозможи конечно да може да се погледне во огледало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот