ФОТО | Прво појавување на Кејт Мидлтон на голем настан по хемотерапијата: Принцезата блесна во елегантна модна комбинација
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, присуствуваше на својот прв голем настан со кралското семејство на престижниот „Фестивал на сеќавањето“ во лондонскиот „Ројал Алберт Хол“, кој беше организиран во чест на службата и пожртвуваноста на вооружените сили на Велика Британија и Комонвелтот.
Овој настан, кој се одржува секоја година под покровителство на Кралската британска легија, има длабоко емотивно значење и ги обединува сите членови на британското кралско семејство.
Кејт за овој посебен момент беше во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Таа дојде во елегантен црн фустан и беше добро расположена. Ова е најважното јавно појавување на принцезата откако ѝ беше дијагностициран рак во февруари и едно од првите појавувања откако заврши со хемотерапија.
Да потсетиме, принцот Вилијам неодамна им откри на медиумите дека оваа година му била веројатно најтешката во животот, каде зборувал за сопругата Кејт и кралот Чарлс. По ракот на простатата на кралот Чарлс и дијагнозата на принцезата Кејт Мидлтон, принцот отворено зборуваше за својот живот.
Тој беше во официјална посета на Кејптаун во Јужноафриканската Република и во емотивно интервју изјави дека изминатите неколку месеци биле брутални за него.
Сепак, тој откри дека на Кејт и на кралот Чарлс сега им оди добро и дека е горд бидејќи „достоинствено и храбро ги воделе своите здравствени битки.“