ФОТО | Протекоа првите фотографии од тајната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек

Фото: Принтскрин/Социјални медиуми

Џеј Ло повеќе не е Лопез. Славната пејачка конечно во тајност му го кажа судбоносното „да“ на старо/новиот избраник Бен Афлек и одлучи да го земе и неговото презиме, на изненадување на многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couture Vision (@couturevision)


Среќниот пар не ја симнувал насмевката од лицата, што можеше да се види од неколкуте фотографии кои протекоа на интернет. Порталот „ТМЗ“ пишува дека парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада, а дека е издадена на 16 јули и гласи на нивните легални имиња – Бенџамин Газа Афлек и Џенифер Лин Лопез. Лас Вегас, кој е главен град, исто така припаѓа на округот Кларк.

Инсајдер за споменатиот веб-сајт рекол дека тие се венчале и дека дозволата е „знак дека тие сега се сопруг и сопруга“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Chismería (@lachismeriamx)


Инаку, според пишувањето на „Пејџ сикс“, Џенифер за нешто старо, што е обичај на Запад, носела фустан од филмот во кој некогаш играла, а на венчавката сменила две тоалети.

Првиот фустан е од тантела со спуштени прерамки и долги ракави, додека вториот е во стил на сирена, со   деколте во облик на срце и корсет од Зухаир Мурад.

Младоженецот, пак, носел бел костум, кој го комплетирал со црна машна.


На социјалните мрежи се појави и фотографија од маникирот на пејачката од денот на нејзината венчавка со зелениот дијамантски прстен во преден план, но и „Џ“ и „Б“ испишани со златни букви на ноктите.

Фото: Инстаграм

Да потсетиме, парот се сврши во април годинава, а Џеј Ло ја потврди среќната вест во емотивно обраќање до обожавателите, откако во медиумите протекоа информации за заветите кога пејачката беше уловена со прстен со голема зелен дијамант додека купувале мебел.

„Дали некогаш сте помислиле дека може да ви се оствари најголемиот сон? Во сабота навечер додека бев на моето омилено место на земјата (када со пенлива купка), мојот прекрасен, сакан човек клекна на едното колено и ме запроси.

Бев целосно неподготвена за тоа и само го погледнав во очи, смеејќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да сфатам дека по 20 години ова повторно се случува. Буквално останав без зборови, а тој рече: „Дали е тоа „да“?. Му одговорив „ДА, секако дека е ДА“. Не беше ништо отмено, но беше најромантичното нешто што можев да го замислам… само тивка, саботна вечер дома, двајца луѓе кои ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Двајца многу среќни луѓе, кои добија втора шанса за вистинска љубов“, напишала прославената 52-годишна пејачка.

ФОТО | Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката го земала презимето на актерот

ФОТО | Временски приказ на врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек: Како се случи Бенифер 2.0

ФОТО+ВИДЕО | Џенифер Лопез ја потврди свршувачката со Бен Афлек: Прстенот има посебно значење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот