ФОТО | Првата трансродова кукла во чест на Лаверн Кокс: Барби ги поместува границите

Лаверн Кокс
Лаверн Кокс / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Актерката Лаверн Кокс која се прослави со популарната серија на „Netflix“ насловена „Orange Is the New Black“, била воодушевена од идејата да биде пример за првата трансродова кукла Барби.

49-годишната актерка сака да им покаже на децата дека има надеж и можност да бидат свои. Имено, Лаверн Кокс е американска актерка и ЛГБТИ активистка. Таа се истакна со улогата на Софи Бурсет во „Orange Is the New Black“, со што стана првата трансродова личност која беше номинирана за наградата „Primetime Emmy Award“ за глума.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cosmopolitan India (@cosmoindia)

„Она што најмногу ме возбудува за нејзиното присуство во светот е тоа што младите транс луѓе можат да ја гледаат, купуваат и играат со неа. Ќе знаат дека постои Барби со која можат да се поистоветат“, изјави актерката за магазинот „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laverne Cox (@lavernecox)

Барби ги поместува сите граници од година во година, па така и со оваа кукла. Брендот стана свесен колку е важно секој да биде прифатен и да се чувствува еднакво. Куклата „Laverne Cox Barbie“ е достапна онлајн на американскиот пазар за 40 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот