ФОТО | Протести во Варшава: Демонстрантите фрлаа снежни топки по полицајците кои се обидуваа да ги растераат

Фото: EPA-EFE/PIOTR NOWAK POLAND OUT

Во Варшава вечерва протестираа Полјачки на повик на штрајкот на жените, антифашистите и земјоделците незадоволни од „локдаунот“ заради пандемијата, притоа фрлајќи со топки снег по полицајците кои пробувале да ги легитимираат и растераат.

Полицајците одговориле со солзавец, а организаторите соопштиле дека се уапсени четири демонстранти.

Полицијата предупреди дека протестите се нелегални бидејќи не се пријавени и дека на сила се санитарни мерки.

Фото: EPA-EFE/PIOTR NOWAK POLAND OUT

Демонстрантите скандирале „Имаме право да протестираме“, „Ова е војна“, „Соблечи ја униформата, извини и се на мајка ти“, „Полицијата ги крши законите и рацете на жените“; „Варшава слободна без фашизам“, а имало знамиња на ЛГБТ заедницата, како и знамиња на ЕУ.

Улични протести во Полска се одржуваат од 22 октомври заради пресудата на Уставниот суд да го забрани како противуставен претходно дозволениот вештачки прекин на бременоста кога плодот е тешко деформиран или заболен.

Рестриктивниот закон кој сега дозволува прекин на бременоста само ако е загрозен животот на мајката или бременоста е создадена преку силување и инцест, ги тера Полјачките да раѓаат и бебиња кои набргу ќе починат. Протестот против тој закон се претвори во демонстрации против владата на конзервативната партија Право и Правда.

Фото: EPA-EFE/PIOTR NOWAK POLAND OUT

Причината за вечерашниот протест е новиот предлог закон со кој граѓаните веќе нема да можат да одбијат да ги платат казните за прекршок додека чекаат да ги потврди судот.

Денеска во Варшава протестираа и сопствениците на туристичките агенции, хотелиерите, таксистите и другите превозници заради мерките против ширењето на коронавирусот, заради кои, како што рекле тие, останале без приходи, а помошта од државата е лошо организирана и недоволна.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот