ФОТО: Протест во Љубљана, масовно незадоволство од владата на Јанша

Фото: Твитер

Повеќе илјади луѓе се собраа во вторникот вечер во Љубљана на мирен протест против владата на Јанез Јанша, симболично одржан на датумот кој во Словенија се празнува како државен празник, Ден на отпорот против окупаторот, посветен на настанот од 1941 година.

Полицијата објави дека се работи за непријавено собирање, потсетувајќи дека со одлука на владата поради епидемиолошката ситуација се забранети собири на повеќе од 10 луѓе, но не излезе со проценка на бројот на демонстранти, но Словенечката телевизија наведвуа дека повеќе илјади луѓе излегле на најголемиот протестен собир во последните неколку години.

Протестот почна околу 17 часот, а Полициската управа на Љубљана соопшти дека собирот се снима.

На демонстрантите кои прошетаа низ Љубљана, отидоа до зградата на Владата, а на крајот застанаа на Прешерновиот плоштад во центарот на градот, каде бројни интелектуалци лево-либерално ориентирани и претставници на граѓанските здруженија пружија поддршка осудувајќи ги постапките на актуелната влада кон новинарите и независните институции како и управувањето на владата со здравствената и општествената криза предизвикана од пандемијата од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот