ФОТО: Пронајдено големо количество на дрога во Гевгелија, четири лица се приведени

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Гевгелија вчера (21.10) приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, лабараторија за производство на масло од канабис.

Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Лицата се приведени , а потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис.

Прочитајте и...  Претреси во Делчево - група малолетници фалсификувала пари

Пронајдено е околу четири килограми марихуана, метамфетамин, како и масло канабис, како и лабараторија за производство на масло од канабис. Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР
Фото: МВР
Фото: МВР
Фото: МВР

Поврзани вести

Претреси и апсења во Кондово

Слободен печат

Приведен скопјанец кој од семејна куќа украл пари и злато

Слободен печат

Скопјанка почина откако во неа удри автомобил

Слободен печат

Тетовци фатени со кокаин

Слободен печат

Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Слободен печат

Во викендичка запленета марихуана и пиштол

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian