ФОТО: Пронајдени разни видови оружја при претрес во Чаир

Во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, денеска е лишен е од слобода И.А.(47) од Скопје.

 

– Имено, при извршен претрес во негов дом и помошни простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка “Fabran”, пумпарица „SDASS” кал.12/76мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство кал.7,62мм и осум ловни патрони, соопштија од МВР.

И.А. е приведен и задржан за понатамошно постапување и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот