ФОТО: Принцот Вилијам се вакцинираше

EPA
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

Принцот Вилијам ја прими првата доза на вакцина против коронавирус во центарот за вакцинација, во Музејот на наука во Лондон, пренесува „Дејли меил“.

„Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина против Ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле досега и продолжете да го правите тоа“, напиша принцот во својата објава на „Твитер“ заедно со фотографија на која се гледа како носи маска додека се вакцинира.

Иако сè уште не е познато која вакцина ја примил принцот, по принцот Чарлс и кралицата Елизабета, тој е најновиот член на кралското семејство кој ја примил вакциниран.

Вилијам претходно се залагаше за вакцинирање, поздравувајќи го „монументалниот“ успех на програмата и изразувајќи желба да ја добие првата доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот