ФОТО | Принцезата Дијана само нему му дозволи да ја слика: Алфа и омега на модната фотографија – Марио Тестино

Марио Тестино
Фото: Инстаграм

Благодарение на неговиот уникатен приказ на гламур, Марио Тестино стана еден од најбараните и најдобрите модни фотографи од неговата генерација. На неговите фотографии се прикажани убави луѓе, егзотични локации, луксуз и богатство. Тоа е причината што повеќето светски дизајнери, модни куќи и модни списанија постојано го ангажираа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)

Иако неговиот фокус бил главно на класичниот пристап кон модната фотографија, невозможно е да се игнорира призвукот на Јужна Америка што се чувствува во работата на Марио. Ова влијание, заедно со неговата љубов кон европската мода и растењето во Перу, направија неговите фотографии да добијат посебен уметнички печат. Во нив доминираат силни бои, енергија и, се разбира, сексипил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)


Комерцијално гледано, Тестино постигна неверојатен успех. Ова е затоа што неговата работа буди чувство на желба и копнеж. Сликите на Марио се ода на богатството и луксузот, а на гледачот му е дозволено да стане дел од тој свет, барем за кратко. Сакале или не, една од тајните на успехот на Марио е наметливиот приказ на богатството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)

Верзијата на Тестин за реалноста вели дека богатите патуваат. Тропските плажи, скапите хотелски апартмани и раскошните забави се неопходни за нејзината естетика. Овие простори му помагаат да ја раскаже својата приказна за слободата, бесконечните можности и хедонизмот. Затоа се одржуваат фото сесии во Монте Карло, Каиро, Хонг Конг и други локации кои метафорички го поддржуваат концептот на Тестино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)


Но, целиот гламур е свесно конструирана илузија. Сето ова е дизајнирано да создаде впечаток на совршенство, и токму тоа го прави рекламираниот производ што е можно подобар. Значи, тоа е визуелен јазик кој инаку доминира во модната сцена, а врз основа на тоа Тестино го изгради својот препознатлив стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)

Животот на Марио започна значително поинаку од оној што тој го води денес. Роден е во Перу во 1954 година во семејство од средна класа со католичка вероисповед. Уште од рана возраст се заинтересирал за модата, бидејќи тоа му помогнало да се издвојува од околината. Неговиот екстравагантен начин на облекување не бил најдобро прифатен во тогаш многу традиционалното опкружување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)


Така, во 1976 година ги спакувал куферите и се преселил во Лондон. Бидејќи немал прецизен план и бил сиромашен, поминал многу години живеејќи во сквот. Лондон бил голем културен шок за Тестино. Но, во исто време му дал слобода и чувство на прифаќање. Таму се заинтересирал за културата и ноќниот живот, па може да се каже дека го нашол својот вистински дом. Во Лондон, започнал да се занимава со фотографија, а остатокот, како што велат, е историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARIO TESTINO (@mariotestino)

Тестино соработувал со скоро сите модни куќи како „Gucci“, „Versace“, „Yves Saint Laurent“, „Burberry“, „Dolce & Gabbana“. Фотографирал постојано за најпрестижните списанија како „Vogue“, „Vanity Fair“, „iW“. Речиси и да нема славна личност што не ја фотографирал, а се издвојуваат портретите на принцезата Дијана, Мадона, Кејт Мос, Наоми Кембел, Жизел Бундшен, Џастин Бибер, Тејлор Свифт, Бела Хадид и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот