ФОТО: Принцот Џорџ ќе биде далеку од очите на јавноста по сајбер-силеџиство

принц џорџ британско кралско семејство
фото: епа

По сајбер-силеџиството на социјалните мрежи, принцот Џорџ ќе бил чуван „далеку од очите на јавноста“, тврди кралскиот експерт Роберт Џобсон. Џорџ (7), седел со родителите, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон за време на натпреварот, воодушевено навивал кога Лук Шо го постигнал првиот гол за Англија.

Роберт Џобсон, кој е коавтор на книгата „Diana: Closely Guarded Secret“, рекол дека принцот бил исмејуван затоа што носел костум и вратоврска за време на финалето на Европското првенство во неделата на стадионот „Вембли“.

Некои интернет тролови го критикувале принцот за облеката, а Џобсон сметал дека поради тоа ќе биде далеку од очите на јавноста, пренесува „Daily Star“.

„Џорџ привлече доста големо внимание на социјалните мрежи. Некои беа критични кон него дека носи кошула и вратоврска како неговиот татко, што мислав дека е премногу грубо. Тој беше многу популарен, но мислам дека ќе се обидат и ќе го задржат малку подалеку од центарот на вниманието“, рекол кралскиот експерт за емисијата „Sunrise“.

Некои од ужасните коментари за Џорџ на интернет платформите се: „Се надевам дека малиот идиот ќе плаче во вратоврската“. „Зошто скиселените лица, тоа е само игра“. „Некој треба да го малтретира ова дете. Само за да може да порасне нормално”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by God save the Queen (@love4theroyals)

По настанатата ситуација извештаите тврделе дека принцот Џорџ го молел својот татко да оди на „Вембли“ и да се облече како него. „Џорџ го идолизира својот татко. Затоа го видовме во неговиот костум – тој навистина сакаше да се облече како Вилијам”, изјавил кралскиот експерт Данкан Ларкомб откако дознал од другар на принцот Вилијам зошто носат слични одела.

„Ѝ донесе среќа на репрезентацијата“: Принцот Џорџ во костум ја пееше химната на натпреварот Англија-Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот