ФОТО | Приказна со среќен крај: Спасен коњ оставен на тераса од напуштена куќа во Дебар Маало

коњ
Коњ оставен на тераса во Дебар Маало, Скопје / Фото: Принтскрин/Фејсбук/ЗОО Скопје

Викендов се случи многу необичен настан во Дебар Маало, во срцето на главниот град. Непознати сторители оставиле коњ на тераса од напуштена куќа во текот на целиот ден.

Станари кои живеат во околните куќи и згради го забележале животното и настанот го пријавиле во МВР, по што веднаш биле испратени екипи на терен.

коњ
Коњ на тераса во Дебар Маало, Скопје / Фото: Принтскрин/Фејсбук/ЗОО Скопје

Брза реакција имаше и директорот на скопската Зоолошка градина, Кристијан Стаменов кој соопшти дека животното е згрижено во Зоолошката градина каде веднаш ќе му биде обезбедена соодветна ветеринарна грижа и нега.

„Приказна со среќен крај. Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, стои на официјалниот фејсбук-профил на Зоолошката градина Скопје.

коњ
Фото: Принтскрин/Фејсбук/ЗОО Скопје
коњ
Фото: Принтскрин/Фејсбук/ЗОО Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот