ФОТО: Претставниците на „Полио плус” се пожалија кај Пендаровски за финансиската поддршка од државата

Претседателот Пендаровски со граѓанската организација „Полио Плус"/ Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети граѓанската организација „Полио Плус” и оствари средба со нејзини претставници.

Претседателот Пендаровски со граѓанската организација „Полио Плус”/ Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, соговорниците ја отвориле темата за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп. Kако што истакнале, тие  ја промовираат ефективната и целосна имплементација на Конвенцијата преку активно и координирано вклучување на заедницата со хендикеп на национално и регионално ниво, но, реакцијата на институциите, според „Полио плус” е на незадоволително ниво.

Претседателот Пендаровски искажал очекување дека девет години по ратификацијата на Конвенцијата крајно време е да се имплементираат нејзините одредби, особено кога станува збор за членовите 5 и 9, односно правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација.

Претседателот Пендаровски со граѓанската организација „Полио Плус”/ Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претставниците на „Полио плус” го информирале претседателот за начинот на распределба на финансиската поддршка од државата кон здруженијата на лица со хендикеп, која, како што оцениле, е неправедна.

Претседателот Пендаровски со граѓанската организација „Полио Плус”/ Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Образложувајќи дека според сегашната владина програма, средствата што се прибираат како процент од продажбата на игрите на среќа, се распределуваат само на седум сојузи на здруженија, oд „Полио плус” очекуваат проширување на таа програма, за да бидат опфатени и организациите на лица со хендикеп и при распределбата на средствата да се следат препораките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, за што претседателот Пендаровски искажал целосна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот