ФОТО | Преработен графитот на Кејот на Вардар: Остана „Бугари во устав“ и бугарско знаме

Бугари во Устав / ФОТО: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

На кејот на Вардар под Градската куќа во изградба стариот графит од април годинава на кој пишуваше „Бугари во Устав е предавство“ е коригиран односно остана „Бугари во Устав“, а „предавството“ е обоено со боите на бугарското знаме.

Бугари во Устав / ФОТО: Слободен печат – Слободан Ѓуриќ

„Областа е преполна со безбедносни камери и полициско присуство, но пред неколку месеци никој не ги забележа сторителите, на кои очигледно им требаше многу време за да го насликаат овој голем знак“, пишува бугарската агенција БГНЕС.

За промената на графитот досега нема пријава во МВР, потврдија за „Слободен печат“ од Министерството.

Инаку, пораката „Бугари во Устав“ е онаа што претседателката Урсула фон дер Лајен пред десетина дена ја испрати од Скопје како единствен услов за државава да ги продолжи пристапните преговори за членство во ЕУ.

Владата на чело со Мицкоски е убедена дека доколку во Бугарија по изборите се формира регуларен владин кабинет на чело со победникот ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов ќе може да се преговара за уставни измени со одложено дејство откако Бугарија ќе го откочи евроинтегративниот процес на Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот