ФОТО: Познати составите на НБА „Ол-стар“ мечот во Атланта

леброн џејмс
ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Ги дознавме стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот кој ќе се одржи на 7 март во Атланта.

Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Кавај Ленард (Лос Анџелес Клиперс), Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс) и Никола Јокиќ (Денвер Нагетс) ќе ја претставуваат Западната конференција.

Џејмс кој доби најмногу гласови од навивачите, играчите и медиумите ќе биде капитен на Западот.

А стартната петорка на Источната конференција ќе биде: Џоел Ембид (Филаделфија Сиксерс), Бредли Бил (Вашингтон Визардс), Кајри Ирвинг (Бруклин Нетс), Кевин Дурент (Бруклин Нетс) и Јанис Адетокумпо (Милвоки Бакс). Капитен ќе биде искусниот крилен центар на Нетси, 32-годишниот Дурент.

Да додадеме уште дека имињата на играчите кои „Ол-стар“ ќе го почнат од клупата ќе бидат познати на 23 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот