ФОТО: Пожар зафати неколку објекти во Чаир, нема жртви

Фото: Фејсбук/Пожарна Скопје

Неколку објекти на улиците „Цветан Димов” и „Ремзи Хоџа” (поранеша „Чаирска”) во скопската Општина Чаир попладнево беа зафатени од пожар.

Околу 17 часот, како што потврдија за МИА од МВР, добиле известување дека избувнал пожар, кој зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и за мотори, една куќа и чајџилница.

– Повредени лица како последица на пожарот нема, соопштија од МВР.

Припадници на Противпожарната бригада со неколку возила околу 18.30 часот го изгаснаа пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот