ФОТО | Потресна исповед на ќерката на Брус Вилис: „Ја игнорирав болеста, мислев дека повеќе не го интересирам“

Фотo: Инстаграм

Еден од најпознатите холивудски актери, Брус Вилис во последните неколку години е во фокусот на медиумите поради тешката дијагноза со која се бори.

На Вилис прво му беше дијагностицирана афазија, а подоцна и фронтотемпорална деменција. Со оглед дека има големо семејство и некои од неговите деца се јавни личности, медиумите лесно добиваат нови детали за неговата здравствена состојба, но и за тоа како дијагнозата на актерот влијаела на нив.

Фото: Instagram/ buuski

Неговата ќерка Талула, која поминува многу време со својот татко, е многу отворена за ова прашање. Таа, за „Вог“ отворено пишуваше за почетоците на болеста на нејзиниот татко и за знаците што се појавувале, кои семејството ги игнорирало.

„Долго време знаев дека нешто не е во ред. Сѐ започна со некакви нејасни одговори, кои целото семејство ги поврзуваа со губењето на слухот“, напишала Талула.

Фото: Instagram/ buuski

Таа само се посомневала дека неговите реакции на околината се знак дека повеќе не е заинтересиран за неа, мислејќи дека целосно е посветен на новата сопруга и двете деца.

„Доби две деца со мојата маќеа, Ема Хеминг Вилис и мислев дека го изгубил интересот за мене. Не сум доволно убава за мојата мајка, не сум доволно интересна за мојот татко.“, додала Талула.

 

Фото: Instagram/ buuski

Открила дека не е горда што постојано ги избегнувала и негирала знаците на неговата болест. Таа исто така, изјавила дека една од причините зошто ја игнорирала целата ситуација е тоа што во исто време и самата се борела со тешки нарушувања, вклучувајќи ја и анорексијата.

„Додека јас се борев со мојата дисморфија и зборував за тоа на Инстаграм, татко ми тивко се бореше“, напишала.

Сепак, Талула успеа да се опорави и сега целото слободно време го поминува со нејзиниот татко, како и со остатокот од семејството, вклучувајќи ја и нејзината мајка Деми Мур, сестрите Румер и Скаут и полусестрите Мејбел и Евелин.

Фото: Instagram/ buuski

Секогаш кога го посетува својот татко, таа го фотографира секој момент, за да го документира нивното време заедно и вели дека секоја говорна пошта од него ја има зачувана на хард диск.

Сопругата на Брус Вилис сподели што направила за него деветгодишната ќерка

ВИДЕО | Брус Вилис го прослави 68-миот роденден со ќерките, поранешната и сегашната сопруга

ФОТО | Брус Вилис стана дедо, најстарата ќерка Румер роди ќерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот