фото: колаж / НП „Пелистер“

ФОТО | Националниот парк „Пелистер“ добива нова патека — поставени се 72 знаци и патокази

Службите на Националниот парк „Пелистер“ поставија нови  72 знаци и патокази на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува инфоцентарот на Паркот со Цапарски вир и Ротинско Езеро.

„Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП ‘Пелистер’. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ние“, соопштија од Паркот.

фото: колаж / НП „Пелистер“

На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека на Пелистер со голем музички настан на Ротинско Езеро под името „Протокол мираж“.

„Новиот шенаесет километарски круг го поврзува инфоцентарот на Пелистер со Цапари и Ротино, а ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека која започнува од Цапари и води до еден од најубавите природни видиковци на Пелистер, наречен Лоша Стена (која се наоѓа на околу 1.220 метри)“, информира Иванчо Тошевски, директор на Паркот.

фото: колаж / НП „Пелистер“

Промотивниот настан ќе го организираат „ПРОЏЕКТ 7.000“ и Националниот парк со поддршка на „Екстрим бајк“ од Битола, Велосипедска федерација на Македонија и Федерација за планинарство на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот