ФОТО | Последната објава на застреланата камерманка го „кине“ срцето

За време на снимањето на „Рѓа“ (Rust) во близина на Санта Фе, директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена откако случајно беше застрелана од актерот Алек Болдвин, и тоа од пиштол којшто требало да биде наполнет со лажни куршуми (ќорци).

Холивуд од утрово е завиен во црно – актерот Алек Болдвин (68) ненамерно ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс (42) на сетот, додека режисерот Џоел Соуза (48) е хоспитализиран поради повреда од пукањето, соопшти полицијата во Санта Фе.

Како што пишуваат американските медиуми, Халина Хачинс била една од најперспективните во овој бизнис во Холивуд, а ѝ се предвидувала голема и блескава кариера.

– Мислам дека ќе биде неверојатно позната и многу успешна како директорка на фотографија – изјавил неодамна Адам Иџипт Мортимер, кој соработувал со неа на снимањето на филмот „Archenemy“.

Во својата биографија, Хачинс имала бројни филмови, вклучувајќи ги „Darlin’“, „The Mad Hatter“, „Blindfire“  и други, а во моментот подготвувала неколку кратки филмови во кои требало да учествува.

Пред само два дена, Хачинс споделила видео на Инстаграм во кое покажала како ужива на снимањето јавајќи коњи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

Таа истакнала дека дружењето со овие животни е само една од многуте добри работи кога се снимаат вестерн филмови, а споделила и фотографија од целата екипа, на чело со Алек Болдвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

Имено, Болдвин (68) самиот отишол во полициска станица и дал изјава плачејќи.

Сè уште не е истражена причината зошто Болдвин пукал во луѓе што не биле дел од актерската екипа, но локалната полиција го истражува случајот и не е поднесена кривична пријава.

Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико каде што била прогласена за мртва, додека Соуза кој бил пренесен со итна помош во регионалниот центар „Кристус Ст. Винсент“ е згрижен поради здобиената повреда од пукањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот