ФОТО | Портрет на Алан Туринг: Првото уметничко дело создадено од робот продадено за милион евра

Фото: EPA-EFE/SOTHEBY'S HANDOUT

Портретот на познатиот математичар Алан Туринг, кој е создаден од ултрареалистичниот робот наречен Аи-Да, е продаден во Лондон во познатата аукциска куќа „Сотби“ за милион евра, пренесуваат светските медиуми.

Делото од 2,2 метри насловено „Бог на вештачката интелигенција“ е прво уметничко дело создадено од вештачката интелигенција кое беше ставено на аукција и продадено за 1,08 милион долари или околу милион евра.

Аукциската куќа очекуваше добивка од само 160.000 евра, но приходот на аукцијата одржана во четвртокот ги надмина сите очекувања. Според тоа, прославата, како што пренесуваат медиумите, била голема.

„Рекордната цена за првото уметничко дело на хуманоиден робот уметник го одразува растечкиот пресек меѓу технологијата за вештачка интелигенција и глобалниот уметнички пазар“, велат од „Сотби“.

Фото: EPA-EFE/SOTHEBY’S HANDOUT

Жената робот, чие име е Аи-Да се ​​напојува со вештачка интелигенција и има камери во очите и бионички раце. Името го добила по Ада Лавлејс, првата компјутерска програмерка во светот. Роботот е создаден од Ајдан Мелер, специјалист за модерна и современа уметност.

Роботот-уметница за нејзиното уметничко дело вели дека портретот на Туринг ги поканува гледачите „да размислуваат за божествената природа на вештачката интелигенција и компјутерите, истовремено земајќи ги предвид етичките и социјалните импликации од овој напредок“.

Насликаниот Туринг се смета за еден од основачите на модерната компјутерска технологија. За време на Втората светска војна, Туринг работел за британското разузнавање, каде што одиграл клучна улога во дешифрирањето на германските кодови Енигма. Веќе во 1950-тите, тој беше загрижен за идниот развој на вештачката интелигенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот