ФОТО | Портите на пеколот: Проколнат австриски дворец крие страшно и мрачно минато

Замок
Фото: Instagram

Замокот Мушам, сместен помеѓу градовите Салцбург и Клагенфурт, бил изграден од епископите во Салцбург, а во средниот век станал познат како „Замокот на вештерките“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EerieEleganceTM (@eerieelegancetm)

Околината е надгледувана од рид висок 1080 метри, за кој се верува дека некогаш бил дом на римската тврдина. Сепак, Римјаните заминале во 12 век и на ридот бил изграден замок. До 17 век го користеле главно надбискупи, а потоа започнала страшната ера.

Мрачни времиња

Во 17 век, во Австрија дошло до лов на вештерки, а помеѓу 1675 и 1690 година, низ целиот регион биле одржани бројни испитувања под името Зауберерјакл или Судењата на волшебникот Џакл. Тоа судење било едно од најголемите и најпознатите во Австрија, а смртни казни биле изречени на дури 139 лица.

Овие судења биле за нетипични „вештерки“  или во случајов „вештери“ затоа што обвинетите главно биле мажи. Станува збор за тажни приказни и сведоштва за сиромаштијата на обичните луѓе, но во тоа време немало милост за нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LG 4 – H 815 (@landschaftsbilder0)

Таквите испитувања се одржувале точно меѓу неговите ѕидови. Според приказните, повеќе од илјада жени и мажи биле егзекутирани во подрумот на оваа градба, зад која легендата вели дека до ден денес се слушаат лелеци и повици на милост.

Постојат документи кои го опишуваат најчестиот начин на егзекуција на „вештерките“ и нивните помагачи. Вештерките кои биле прогласени за виновни биле изгорени на клада во дворот на замокот.

Лов на вештерки кој излегол од контрола

Сè започнало во 1675 година со судењето на Барбара Колерин, која признала дека нејзиниот син Пол Јакоб склучил пакт со нечисти сили. Таа започнала потрагата по нејзиниот син, кој меѓу народот останал популарно познат како волшебникот Џекл. Барбара на крајот била осудена на смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Q26 (@wort.art)


Наскоро било фатено момче, кое потврдило дека неодамна се сретнало со него и дека Џекл станал водач на детски и тинејџерски банди. Тоа биле сиромашни деца кои питале на улица, сè додека тој не ги научил на црна магија.

Следувала невидена хистерија и потера против сиромашните деца и млади бездомници и питачи. На крајот Џекл никогаш не бил пронајден, но за време на бројните судења, преку сведоштвата на фатените се родил митот за суровиот волшебник . Тој бил претставен како безмилосен убиец кој комуницирал со глувци и стаорци и можел да стане невидлив. Повеќе од половина од обвинетите осудени на смрт биле деца и тинејџери.


Сè останало во минатото

Замокот на крајот на 18 век бил заборавен, сè додека во 1886 година еден истражувач не го пронашол и решил да ги преземе работите во свои раце. До денес, замокот остана во приватна сопственост, но еден дел е претворен во уметничка галерија и е отворен за јавноста. Покрај галеријата, може да се забележи и зандана за измачување.

Видео на денот