ФОТО | Поранешните на Северина се здружија: Којиќ го прослави роденденот со Поповиќ

Милан Поповиќ/Северина/Игор Којиќ/Фото: Инстаграм

Поранешниот сопруг на пејачката Северина Вучковиќ, фудбалскиот менаџер Игор Којиќ, на 30 јули наполни 35 години. Неколку дена подоцна организирал голема прослава на имотот на својот дедо, во село кај Лозница во централна Србија, а меѓу гостите бил и поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, дознава „Стори.хр“.

Тие наведуваат дека Поповиќ на роденденот на Којиќ го донел и синот што го има со Северина, Александар, а неговото доаѓање ги изненадило останатите гости на прославата бидејќи Милан и Игор често имаа јавни расправии.

Во меѓувреме, со фотографија на својот профил на Инстаграм се огласи и самиот Којиќ, на која позира со Поповиќ, и му се заблагодари што го донел синот Александар на неговиот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)


Интересно е и како Којиќ неколку дена по својот роденден на социјалните мрежи сподели селфи со опис „Winter is coming“ (Доаѓа зима).

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Десетина дена подоцна, Поповиќ на својот фејсбук-профил објави идентична порака „Доаѓа зима“, заедно со фотографија од патоказ за селото Поповиќи -Којиќи кај Книн.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

 

Исто така, како што наведува „Стори“, Којиќ ќе биде сведок на суд во една од тужбите што Поповиќ ги покрена против пејачката.

Северина на Кеба му должи 70.000 евра: Дали пејачката планира да го врати долгот кон поранешниот свекор?

Поповиќ првпат откри шокантни детали за Северина: Детето не го носеше 46 дена во училиште, ќе повторуваше година

ФОТО | Северина заигра на „Калинка Малинка“: Хрватицата „го фати“ ритамот како родена Русинка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот