ФОТО | Поранешниот сопруг на Џеј Ло повторно заљубен: Ова е новата партнерка на Марк Ентони!

Фото: Профимедиа

Веста дека американскиот пејач влегол во врска со ријалити ѕвездата одекна во светот…

Пејачот Марк Ентони (52) и поранешен сопруг на Џенифер Лопез повторно е заљубен, а неговото срце го освои моделот и ријалити ѕвезда Евелин Лозада (44), која се прослави во шоуто „Жените на кошаркарите“.

Парот е во врска веќе неколку месеци, а времето главно го поминуваат во неговата вила во Мајами, пишува „The Blast“.

Фото: Профимедиа

Како што се наведува, Ентони е виден со Лозада и нејзините две деца, 17-годишната Шенис Харисон и шестгодишниот Карло Лео Крафорд.

Нивната романса всушност ја разотрикле фановите на Инстаграм, забележувајќи дека и двајцата објавуваат исти фотографии, како и дека секогаш се на идентични локации.

Фото: Профимедиа

Марк Ентони и Евелин Лозада се уште не потврдиле, а ниту пак ги демантирале овие наводи.

Да се потсетиме, Марк Ентони и Џеј Ло беа во брак седум години, а од таа љубов се родија близнаците Макс и Ема во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот