ФОТО | Поранешна вработена на семејството Кардашијан: Со платата што ја земав едвај преживував

кардашијан
Кардашијан, Фото: Инстаграм

Откако Ким Кардашијан во интервју за „Variety“ изјави дека „никој не сака да работи денес“ и ги повика луѓето да бидат вредни, нејзината поранешна вработена Џесика Дефино која тврди дека работела за семејството Кардашијан пред седум години даде интересна изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

„Бев уредник на апликацијата „Кардашијан“ во 2015 година. Работев дење и ноќе, за време на викендите, можев да си ги дозволам најевтините намирници“, напиша Џесика на „Твитер“, истакнувајќи дека едвај преживувала со таа плата.

Таа опиша дека морала неколку пати да се преправа дека е болна затоа што не можела да си тури гориво во автомобилот за да стигне на работа. Таа, исто така, сакала да работи дополнителни, споредни работи за да го зголеми сопствениот месечен буџет, но тврди дека била прекорена за тоа од работодавачите Кардашијан.

ФОТО+ВИДЕО | Ким Кардашијан мета на потсмев и критики: Ми се чини дека никој не сака да работи денес

Ким, Кортни и Клои се „американското кралско семејство“ и се мега популарни изминатава деценија.

„Луѓето мислат дека живееме од нашата слава. Тоа не е наша грижа. Се навраќаме само на позитивните критики и се убиваме од работа за да го имаме она што го имаме денес. Жал ни е ако мислите поинаку, но немаме енергија да се бориме со вас. Не мора да бидеме пејачки, танчерки или актерки, ги живееме нашите животи и видете, успеавме“ изјави Ким за „Variety“ и им порача на критичарите да почнат да работат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот