Поранешна ѕвезда на филмови за возрасни: Јас сум асексуална, порнографијата треба да биде забранета
Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни, Лана Роудс откри дека е „прилично асексуална“ и дека сака порнографијата да не биде легална.
Роудс, која гостуваше во подкастот „The Skinny Confidential“, сосема отворено зборуваше за индустријата што ја напуштила пред осум месеци, а со оваа работа почнала да се занимава на 19 години.
„Мислам дека тоа не е добро за никого“, рече 26-годишната девојка, која станала мајка во јануари оваа година, објаснувајќи дека нејзината перцепција пред и по снимањето на порнографски содржини била многу поинаква. Зборувајќи за своето искуство, Роудс рече дека на почетокот не знаела во што се впушта.
View this post on Instagram
„Исто така, спиев само со една личност во тоа време. Значи, немав многу сексуално искуство. Од таа причина или поради некоја друга причина, никогаш не сфатив дека ако сакаш да снимаш порнографски филмови, всушност треба да имаш секс со луѓе“, откри таа. „Тоа е само идеја, во ред, ќе бидам како Ана Никол Смит или ќе бидам како Холи Медисон или некоја друга личност. Тоа беше како идеја во мојата глава, но не бев доволно зрела да разберам што навистина беше тоа. И многу, многу брзо сфатив дека тоа не е за мене“, изјави поранешната порно ѕвезда.
View this post on Instagram
„Мислам дека порнографијата не треба да биде легална“
„Мислам, во основа треба да имате секс со луѓе кои не сте ги избрале, а можеби не ви ни се привлечни, можеби мислите дека се одвратни и сепак морате да имате секс со нив бидејќи тоа е ваша работа“, објасни Лана, додавајќи дека мисли дека индустријата ги става младите жени во ранлива позиција.
View this post on Instagram
„Како би можело 19-годишна девојка да се стави во таа позиција да мора да има секс со луѓе кои навистина не сака да го допираат нејзиното тело“, рече Роудс.
Откако ја завршила кариерата во филмовите за возрасни, Роудс се фокусирала на изработка облека и долна облека. Сепак, нејзиното мислење за порно индустријата останува прилично цврсто.
„Да се вратиме на порнографијата, навистина мислам дека тоа не е добро за никого и мислам дека не треба да биде легално“, рече Роудс, додавајќи дека ретко некоја личност ѝ е привлечна и дека ретко се „вплеткува“ со некого.
View this post on Instagram
„Искрено, јас сум прилично асексуална. Прилично како никогаш да не се дружам со луѓе, луѓето не ги сметам за привлечни и отсекогаш сум била таква“, откри Лана.