ФОТО: Поради расизам, Марта од Алабама на 94 години првпат облекла венчаница

офелија мун
Фото: Facebook

Марта Меј Офелија Мун Такер (94) од Бирмингем, Алабама, се омажила во 1952 година. Во тоа време, на црните жени не им било дозволено да влегуваат во салони за венчаници, па затоа таа за својата свадба носела темносин фустан, пишува „Fox News“.

Неодамна, скоро 70 години по сопствената венчавка, таа пробала вистинска венчаница од салонот и нејзината желба се остварила. Го гледала филмот „Coming to America“ со својата внука Ангела Строзиер. За време на сцената на венчавката, баба Марта ѝ открила на својата внука дека цел живот сонувала да облече венчаница.

Нејзината внука решила да ѝ помогне да го оствари својот сон. Неколку дена подоцна, внуката ја однела баба си во невестински салон. Пресреќната баба испробала две венчаници, а за да ја направи што подобра атмосферата, внуката ѝ ја направила шминката и фризурата пред пробата. Кога пристигнале во бутикот, внуката им ја објаснила ситуацијата на вработените.

„Тие беа пресреќни и воодушевени од мојата идеја. Беа многу радосни што ќе ѝ помогнат на баба ми да ѝ се оствари сонот. Тие ѝ помогнаа во изборот, ѝ го наместија фустанот и ја примија како вистинска невеста“, рекла внуката и додала дека бабата била пресреќна.

„Ова искуство беше прекрасно и посебно за мене. Им реков: Го чекав ова целиот мој живот. Дајте ми фустан“, рекла веселата баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот