ФОТО: Поради пораката што ја добил д-р Предраг Кон експлодираа социјалните мрежи: Докторе, клечејќи ве молам

Предраг Кон / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Happy TV

Доктор Кон стана синоним за Кризниот штаб во Србија, и покрај тоа што покрај него во кризниот штаб се уште најмалку 50-тина луѓе. Затоа и не чуди што граѓаните на Србија токму нему му се обраќаат за некако да го убедат да ги ублажи рестриктивните мерки.

Најнов пример е момчето, очигледно страстен навивач на Црвена звезда, кој му пратил порака на доктор Кон во кој го моли да дозволи присуство на публика на стадионот, кога во Белград во февруари ќе гостува Милан заедно со познатиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, пренесува Noizz.rs.

Докторе, ви се јавувам клечејќи на нозете за да доволите публика на натпреварот Црвена звезда – Милан бидејќи во спротивно би ги срушиле соништата на целиот Балкан во живо да го водат Златан Ибрахимовиќ и дуелот на моментно двата најсилни европски клубови. Однапред ви благодарам и се надевам дека разбирате дека сме подготвени да ги ризикуваме нашите и животите на нашите најблиски поради овој натпревар“, стои во пораката што ја добил доктор Кон и која ја сподели на неговиот фејсбук-профил.

принтскрин

Сликата и пораката веднаш станаа вирални и на многумина не им се верува што читаат. Едни се смејат на овој апел, а други не можат да веруваат дека некој би прифатил да си го загрози животот поради фудбалски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот