ФОТО: Поради паднато дрво врз далекувод, Дебар и околината без струја

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места, соопшти МЕПСО.

Фото: МЕПСО

Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот.

Фото: МЕПСО

Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија.

Фото: МЕПСО

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот