ФОТО: Попуштија безбедносните мерки, граѓаните се поклонуваат пред гробот на Гоце Делчев

Во очекување на владината бугарска делегација чие присуство е најавено за 13 часот, полициското обезбедување ги пропушта македонските граѓани кои сакаат да му одадат почит на Гоце Делчев пред неговиот гроб во црквата Св. Спас.

Стотици граѓани денеска останаа пред полициските барикади додека во црквата Св. Спас цвеќе и венци положуваше владината делегација и претседателот Пендаровски, како и други македонски официјални претставници.

Фото: Слободен печат/Кристина Ивановска

Во моментов почит можат да одадат граѓаните и дозволено е пристапување до гробот без да се прави гужва во кругот на црквата Св. Спас.

ВМРО-ДПМНЕ честувањето го нарече „најнедостоинствено досега“ и „мизерија“ поради тоа што голем број граѓани беа оставени да чекаат со часови за да влезат во црквата.

-Ова што денес се случуваше при одбележувањето на роденденот на великанот Делчев е мизерија.  Пендаровски, Ковачевски и Спасовски треба да одговорат како е можно после толку години нормално одбележување на роденденот на Гоце Делчев, сега овој настан да биде одбележан со илјадници полициски службеници во униформа и цивилна облека, со прелет на хеликоптери и дронови. Граѓаните не памтат дека некогаш имало ваква неспособност, во било која влада изминативе 30-тина години. Граѓаните на Македонија не памтат ваква забеганост и лудило од страна на било која влада, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат на односот на Спасовски и Ковачевски кон народот кој чекал еден час на студено време додека власта положуваше цвеќиња.

– И тој однос покажува зошто кон Македонскиот народ се однесуваат со изживување, а кон сите други од надвор со покореност. Спасовски и министерката за култура Стојчевска, на чело со Ковачевски успеаја и на овој голем ден да го понижат Македонскиот народ, реагираат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот