ФОТО| Попопуларна и од познатите: Таа е првата личност која успеа да собере 100 милиони следбеници на ТикТок

Ангажманот на социјалните мрежи ја донесе Чарли до првата улога во долгометражниот филм, лансирање на сопствената колекција за шминка, соработка со големите брендови, реклами за SuperBowl…

Чарли Д`Амелио е прва кориснична на ТикТок која собра повеќе од 100 милиони следбеници, оставајќи ги така зад себе ѕвездите како Аријана Гранде, Кајли Џенер и Селана Гомез.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е charli-insta-1.jpg
Фото: Инстаграм


Оваа 16-годишна девојка се најде на удар на критики пред неколку дена поради своето однесување на една вечера и започна да губи и по 14.000 следбеници на час. Но, изгледа дека фановите сепак и простија, па така Чарли го собори рекордот на оваа социјална мрежа.

@charlidamelio

A HUGE THANK YOU TO EVERYONE WHO HAS HELPED ME REACH 100 MILLION SUPPORTERS!!! AND ANOTHER HUGE THANK YOU TO @tiktok I LOVE EVERY ONE OF YOU!!! ??

♬ original sound – charli d’amelio

„Собрав 100 милиони следбеници на ТикТок. Не знам ниту како да реагирам, главно поради тоа што не сум свесна дека ова е вистина. Едноставно, искрено не знам што да направам. Сама сум во својата бања и ги гледам објавите на Твитер, а искрено не знам што правам. Толку сум збунета. Пред нешто повеќе од една година бев во Конектикат и редовно се школував, не правејќи ништо, а сега живеам во Лос Анџелес и ги имам најдобрите пријатели. Да ја нема пандемијата, би сакала веднаш да се сретнам и да се поздравам со сите 100 милиони луѓе. Но тоа сега е невозможно“, изјави Чарли во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.

@charlidamelio

dc @wh0.nia

♬ original sound – YvnggPrince

Освен што има најмногу следбеници на оваа социјална мрежа, Чарли собори уште еден рекорд.

Имено, таа собра 100 милиони следбеници во рекорден рок. На Јутјуб му беа потребни 14 години за првиот корисник на оваа платформа да собере волку голем број на следбеници, додека на 16-годишната Чарли на ТикТок тоа и успеа за една ипол година.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е charli-insta-2.jpg
Фото: Инстаграм


Таа својот профил на ТикТок го направи во мај 2019 година, каде објави видео на кое танцува во својата соба.

Бројката од 100 милиони е голема пресвртница и за самата ТикТок апликација.

@charlidamelio

new hair!!!

♬ IM BACK – GlacialMelodies ❄️

Ангажманот на социјалните мрежи ја доведе Чарли до првата улога во долгометражен филм, лансирање на сопствената колекција за шминка, соработка со големите брендови, реклами за SuperBowl… Таа се појави и во видеоспотот на Џенифер Лопез, а нејзината прва книга под називот „Essenrely Charli: Ultimate Guide to Keeping It Real” ќе биде објавена наредниот месец.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е charli-insta-3.jpg
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот