ФОТО | Поп-кралицата Мадона „претера“, фановите на Инстаграм ја нападнаа со коментари!

Мадона/Инстаграм
Мадона/Фото: Инстаграм

Поп-кралицата Мадона се најде на удар на силни критики поради објавата на својот Инстаграм профил, која нејзините следбеници ја нарекоа „ужасна“. На фотографијата се гледа како ѝ држат нож под брадата.

Мадона/Инстаграм
Мадона/Инстаграм

Пејачката на својот инстаграм-профил споделила неколку фотографии кои го промовираат нејзиното контроверзно снимање за „В магазин“, а една од нив е со фотографот Стивен Клајн кој држи нож во раката. Освен фотографијата со ножот, таа позира и со запалени свеќи околу нејзина фотографија со V знак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Споделените фотографии ја „запалија“ фан базата на Мадона. Многу од коментарите беа немилосрдни кон пејачката, притоа таа беше нарекувана „материјална девојка“ реферирајќи на нејзиниот голем хит, со прекор кон фотосесијата дека ја направила со минимален буџет. Според фановите, Мадона има доволно пари да си дозволи и сопствена продукција, а не да користи артисти бесплатно. Но, фановите не останаа рамнодушни и на нејзиниот неприродно стегнат изглед на лицето и коментираа:

„Толку тажно, толку многу пластика“

„Мадона, ти имаше едно од најубавите и најтрансформативни лица на светот, а сега изгледаш исто како и сите пластични убавици…“

„Збогум Мадона, не можам да го гледам ова повеќе“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот