ФОТО: Полјаците на нозе, скандираат „Остануваме во Европа“

Про-европски протести во Полска/ Фото: EPA-EFE/ALBERT ZAWADA POLAND OUT

Десетици илјади Полјаци вечерва излегоа на улиците на Варшава и градовите низ Полска за да протестираат против неодамнешната одлука на полскиот Уставен суд по иницијатива на премиерот Матеуш Моравјецки дека Полска не мора да почитува дел од законодавството на ЕУ и дека европските закони не се супериорни во однос на полските, а „правниот полегзит“ значи дека властите тајно го подготвуваат и вистинскиот.

„Никој нека не се чуди што чувствував обврска во овој критичен момент да прогласам тревога поради одлуката на псевдосудот, владејачката партија која без заобиколување и скривање на билошто одлучи да не извади од Европската Унија, рече поранешниот полски премиер, а подоцна и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, кој го организираше овој протест, пред околу 100.000 жители на Варшава собрани на плоштадот во близина на Кралскиот замок.

Про-европски протести во Полска/ Фото: EPA-EFE/ALBERT ZAWADA POLAND OUT
Граѓаните на Варшава и другите полски градови излегоа на масовни протести/ Фото: EPA-EFE/ALBERT ZAWADA POLAND OUT

Во Варшава и градовите од Гдањск на север до Краков на југ, Полјаците на улица го извикуваат главниот слоган на овој протест „Остануваме во ЕУ“.

Туск ја обвини владејачката Партија за право и правда и нејзиниот лидер, вицепремиерот за безбедност Јарослав Качински, дека одлучиле да ја изнесат Полска од ЕУ по негова наредба, газејќи го полскиот Устав.

„Канцеларот на Австрија, шефот на владејачката партија, премиерот, поднесоа оставки затоа што полицијата сака да провери дали народните пари одат во медиумите за да пишуваат добро за владата. Замислете во Право и правдата треба да поднесат оставка затоа што ги трошат јавни пари, претпоставувам дека само мачорот на Качински би бил поштеден “, рече Туск.

Доналд Туск се обрати на протестот за останување во ЕУ/Фото: EPA-EFE/ALBERT ZAWADA POLAND OUT

Ветеранката на Варшавското востание против германските нацисти од 1944 година, Ванда Трачик-Ставска, беше пречекана со аплауз на трибината и таа остро ги замолкна извиците на радикалните полски националисти кои дојдоа да го прекинат протестот.

“Замолчи, глупав човек. Бидејќи јас сум војник кој се сеќава како се пролеа крв, како загинаа моите другари. Тука сум тука да зборувам во нивно име. Имам право да кажам, никој никогаш нема да не изведе од нашата татковината и нашата татковина е Полска во Европа “, рече Трачик-Ставска.

Поранешниот премиер Лешек Милер од Алијансата на демократската левица, кој ја воведе Полска во ЕУ во 2004 година, побара од демонстрантите да им се заблагодарат на милиони Полјаци кои пред 18 години рекоа да за  ЕУ.

„Право и правда, тоа не е иднина, тоа е нафаталин и темјан“, рече Милер.

На демонстрациите во Гдањск, поранешниот полски претседател и водач на полскиот отпор против поранешниот комунистички режим, Лех Валенса, предупреди дека ниту еден непријател никогаш не успеал да создаде такви поделби и бездни меѓу Полјаците како сегашната влада.

„Кога се боревме, требаше да создадеме нов систем. Победивме. Поставивме поделба на власта на три столба. Сега треба да се бориме против луѓето што го уништуваат тој систем. Имавме разни луѓе на власт, но тие не ни го одземаа моралот и пред се не не делеа“, рече Валенса.

Полјаците на нозе против полексит/ Фото: EPA-EFE/ALBERT ZAWADA POLAND OUT

Полјаците кои денеска излегоа на улица во знак на протест против продлабочениот конфликт меѓу полските власти и ЕУ и тврдоглавото инсистирање на Качински за судски реформи, иако тоа ја загрозува независноста на полските судии и претставува системски ризик за владеењето на правото, не носат обележја на опозициските партии туку главно знамиња на ЕУ и полската национална двобојка.

Владата на премиерот Матеуш Моравиецки категорично негира дека нејзината цел е полегзит и како унгарскиот премиер Виктор Орбан, тврди дека тие две земји никој нема да ги истурка од ЕУ, туку дека ЕУ ќе се промени според нивните визии и замисли.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот