ФОТО: Полицијата разби група нарко дилери и заплени марихуана во Скопје

Македонска полиција/ Фото: Миа

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога разби група нарко дилери и заплени марихуана.

Околу 11.45 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана. Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул Кочо Рацин. Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и  1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул Кочо Рацин приведен е Ф.П..

Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32). По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот