ФОТО | Полицајката Пени Ланкестер: По улиците на Лондон патролира сопругата на Род Стјуарт

Instagram
Instagram

Повеќето сопруги на светските рок-ѕвезди немаат ништо против животот на висока нога, но Пени Ланкестер, третата сопруга на Род Стјуарт, не е една од нив.

Во биографијата на 50-годишната мајка на две деца пишува дека била модел за долна облека и фотографка, а неодамна успешно го помина тестот за да стане полицајка во Лондон. Првиот работен ден во полициска униформа, во тек на обиколката на градот, снимено е како Ланкестер фатила еден престапник што уринирал на улица. Гледајќи како кон него се приближува русокосата убавица опремена со лисици, полициска радиостаница, електрошокер и палка, човекот брзо се закопчал, пишува „Сан“, но новата градска полицајка не била задоволна од тоа, па го натерала престапникот да исчисти зад себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brightly (@thisisbrightly)


Желбата да им се придружи на полициските сили, кај Ланкестер се јавила по учеството во серијата „Познатите во борба против криминалот“ од 2019 година, во која славни личности им се придружуваат на полицајците во патрола.

Но, нејзината активност е далеку посериозна од фаќање несовесни граѓани што мократ на јавни места, па во емисијата „Добро утро, Британијо“ изјави дека неодамна помогнала да се спаси живот на самоубиец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WorldofWomen (@worldofwomen2019)


Кога размислувате за полиција, помислувате на најнасилните казнени дела, но ние сме тука за да им помогнеме на најзагрозените. Моментално има многу инциденти на мостовите и имам помогнато на некој што една ноќ беше на мостот во очајна состојба. Можеме да користиме многу начини, изјавила Ланкестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lux (@revistalux)


Најголема поддршка ѝ е сопругот.

Опасно е, но полицијата е јавност, а јавноста е полиција. Таму се и жени и мажи, браќа, сестри, вујковци, тетки… Ние сме нормални луѓе, но ја облекуваме таа униформа за да можеме да помогнеме во заштитата, објаснува Ланкестер.

За славниот сопруг Пени се омажи во 2007 година, а со него ги има синовите Алистер (15) и Ејдан (10). Полициската работа ја исполнува, а за да може да работи полагала испити, се подготвувала физички и положила испит за кондиција. Таа имала и разговор со двајца полицајци за да се квалификува за таа работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becks (@becky_davidson9)


Ова сум јас. Можам да шетам на црвениот тепих со Род или да бидам во нашата штала со козите, но доаѓа време кога секој се преиспитува и си ги поставува прашањата: „Кој сум јас?“ , „Кој сум во својата суштина?“ Тоа е она што сметам дека секогаш треба да го правиме. Станува збор за идентитет, изјавила Ланкестер за „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот