ФОТО: Погледнете како ќе изгледа внатрешноста на новиот „Сантјаго Бернабеу“

Грандиозниот стадион на „кралевите“, Сантјаго Бернабеу“/Фото: realmadrid.com

Пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Шахтјор, шпанскиот гигант објави нови детали поврзани со реконструкцијата на „Сантјаго Бернабеу“.

Реал почна да го обновува својот стадион за време на пандемијата и играше на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“ пред да се врати на „Сантјаго Бернабеу“ во пресрет на оваа сезона.

Според најавите стадионот ќе биде завршен и целосно отворен во декември следната година, што се совпаѓа со 75 роденден на легендарниот стадион.

– Клубот е во преговори со угостителите и сака да понуди ресторани со Мишелин ѕвезди. Ангажирани се најголемите светски консултантски компании да ги донесат најголемите брендови на стадионот, кои на Реал ќе му носат околу 100 милиони евра годишно. Околу 100 компании се пријавија за тендерот, клубот и консултантите треба да изберат меѓу 10 и 20 компании кои мора да имаат на ум дека главни спонзори на клубот се „Кока-Кола“ и пивото „Маху“ – пишува Марка.

Реконструираниот стадион ќе има пет луксузни ресторани со поглед на тревникот, а ќе бидат отворени и за време на натпреварите и во текот на целата година. Услугите кои нудат храна и пијалок за навивачите за време на натпреварот ќе имаат специјални мобилни апликации преку кои навивачите во одредени сектори на стадионот ќе можат да нарачуваат, а персоналот ќе им ја донесе нарачката.

Ќе има т.н отворен бар кој ќе гледа кон градот, а по примерот на трговските центри ќе можете да јадете од неколку ресторани на едно место. Покрај сето тоа, навивачите ќе можат да купуваат производи од најголемите светски брендови.

Фото: realmadrid.com
Фото: realmadrid.com
Фото: realmadrid.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот