ФОТО: Погледнете како денес изгледа Пипи – Долгиот Чорап

Profimedia
Profimedia

Сигурно се сеќавате на малата палавка во портокалова коса од романот на Астрид Линдгрен, измислен лик кој настанал сосема случајно, бидејќи нејзината болна ќерка Карин побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи – Долгиот Чорап, девојче кое го измислила Астрид за да ја расположи.

Делото на Линдгрен се најде и на малите екрани, а девојчето кое го глумеше Пипи – Долгиот Чорап  е шведската актерка и пејачка Ингер Нилсон, која одамна го има напуштено светот на актерството.

Верувале или не, денес таа работи како секретарка во една канцеларија во Стокхолм, која се занимава со административни работи.

Profimedia
Profimedia

Пред повеќе од 50 години започнаа да се прикажуваат филмовите и сериите  за „Пипи – Долгиот Чорап“. Девојчето со пеги на лицето и портокалова коса, сплетена во плетенки, која не се одделуваше од својот мајмун и коњ. Пипи ги освои срцата на многу луѓе и деца ширум светот.

Тогаш ја играше Игнер Нилсон, која имала само помали улоги како Пипи, а последната улога која ја одиграла била во германската серија „Der Kommissionar und das Meer“, пред 14 години.

Profimedia
Profimedia

Ингер пред јавноста еднаш откри и дека никогаш не добила хонорар за улогата на Пипи – Долгиот Чорап, што ја направило славна, поради законите од тоа време. Фановите на филмот тогаш собираа донации за неа и нејзините колеги.

Прво бев многу лута затоа што не сакав да ја играм жртва и да барам милостина. Кога се смирив, сфатив дека тоа е само еден од нивните знаци на почит и желба на обожавателите да ни покажат колку нè ценат, изјави тогаш поранешната актерка.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот