ФОТО: Погледнете дел од празничната атмосфера во домот на нашите ѕвезди

Славењето на големиот христијански празник Велигден е еден од најубавите периоди во годината… Традиционалното фарбање на јајцата кое започнува на Велики Четврток го обележува почетокот на празничната атмосфера во сечиј дом

Голем дел од нашите познати личности, придржувајќи се до традицијата гордо покажаа дел од празничната атмосфера и прекрасно украсените домови во сите бои на пролетта.
Меѓу првите што на својот инстаграм-профил ја покажа својата велигденска кошничка полна со црвени јајца беше нашата пејачка Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

За многу години“, напиша Калиопи во описот на неколкуте фотогорафии кои ги сподели со своите пријатели и обожаватели.

Познатата водителка Маријана Станојковска пак, верна на традицијата, ги покажа првите три велигденски јајца исфарбани пред зори на Велики Четврток, воедно честитајќи им го празникот на своите пријатели и обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Светото Велигденско јајце нека ви донесе здравје, среќа, љубов и мир. За многу години ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК“, напиша Маријана.

Принтскрин / Instagram

Пејачката Тамара Тодевска покрај бројните обврски околу подготвувањето за 5-тиот роденден на својата ќерка Хана, сепак успеала да најде време за да создаде пријатна празнична атмосфера во нејзиниот дом со многу симпатични украси и велигденски јајца.

Пејачката Андријана Јаневска во уникатен стил – „Сунѓерот Боб и другарите! Моите велигденски јајца“, напиша таа во описот на фотографијата под која се нижеа безброј коментари од нејзините пријатели и обожаватели кои ја поздравија за оригиналната идеја.

Ми е страв дека ќе почнеме со извоз на вапцани јајца“, се пошегува водителот Димитар Атанасовски.

Тој на својот инстаграм-профил сподели видео на кое може да се забележи „работната акција“ на дело – украсување велигденски јајца во најразлични бои кои детално и со многу љубов ги спрема неговата сопруга и позната пејачка Сара Мејс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот