ФОТО | Побарала да ѝ ја тргнат хигиеничарката од фотографија, па се шокирала од резултатот

На социјалните мрежи постојано гледаме коригирани фотографии, филтри со кои луѓето се разубавуваат. Многу корисници на социјалниот медиум Инстаграм, честопати бараат и од професионалците да им ги фотошопираат фотографиите, мислејќи дека ќе изгледаат поубаво.
Таков случај е со младата инстаграмџика Сара Вос, која од графичкиот дизајнер Џејмс Фридман, побарала на една од нејзините фотографии да ја избрише хигиеничарката која се забележува во позадината.
Фридман, на социјалните медиуми попознат како „Фотошоп-магионичар“, ја фотошопирал фотографијата, но неговата „поправка“ непријатно ја изненадила Сара.
Неговиот резултат, тој го споделил на Твитер, кој многу брзо стана голем хит.
— James Fridman (@fjamie013) June 7, 2023