ФОТО: По долго време Кетрин Зета-Џонс објави фотографија со Мајкл Даглас и покажа како изгледаат нивните утра

Profimedia

Убавата актерка Кетрин Зета-Џонс неодамна го прослави својот 51 роденден. Таа и нејзиниот славен сопруг Мајкл Даглас уживаат во семејниот живот и се пресреќни заедно и по 20 години брак.

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ги воодушевија своите обожаватели со заедничка утринска фотографија.

Instagram
Instagram

Актерката изгледа одлично со сламена шапка и очила за сонце и секако со препознатливите полни усни. Нејзиниот сопруг Мајкл носи спортско капче и хавајска маица, па изгледа дека парот заминал на одмор.

Двојката неодамна ја прослави 20-годишнината од бракот.

Instagram

Мајкл и јас се венчавме пред 20 години! Колку прекрасна волшебна вечер беше тоа! И 7304 дена и ноќи подоцна, те сакам исто како и тогаш. Ви благодарам за љубовта и смеата, напиша Кетрин Зета – Џонс по повод годишнината од бракот.

Instagram
Instagram

Ќе ја соблечам маската и ќе му дозволам на мојот сопругот страсно да ме бакне и веднаш ќе ја вратам, на шега актерката го коментираше фактот дека коронавирусот им ја уништил прославата по повод годишнината од бракот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот