ФОТО: По Бајден, и Борис Џонсон заспа на климатскиот самит во Глазгов
Британскиот премиер Борис Џонсон е фотографиран како спие за време на една од конференциите на самитот COP26 што се одржува во Глазгов.
Џонсон на фотографијата е без маска, што предизвика лавина коментари за тоа колку е привилегиран.
Дел од твитерџиите започнаа дискусии дали премиерот е пијан или само уморен. Интересен коментар напиша на Твитер, една лекарка кој забележала дека Џонсон не носи маска.
„Кога седите покрај 95-годишниот Сер Дејвид Атенборо и сè уште не можете да носите маска. Или дури и да останете будни“, изјавила таа и во следниот твит потсетила дека и самиот британски премиер бил заразен со коронавирусот, поради што бил дури и во болница.
The more I think about this, the more disgusted I am. He was in intensive care himself with Covid. And still – STILL – this degree of spectacular selfishness. https://t.co/Wh5Of6DlrH
— Rachel Clarke (@doctor_oxford) November 2, 2021
Претходно американскиот претседател Џо Бајден стана главна тема на социјалните мрежи откако се појави видео на кое се гледа како тој ги „одмара очите“ за време на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP26) во Глазгов.