Фото: Фејсбук/Клиника за гинекологија и акушерство

ФОТО | По 38 дена поминати на ГАК: Четворката бебиња од Штип си замина дома

На 21 октомври годинава, Благица и Александар Зикови станаа родители на првата четворка бебиња родени во Македонија од 2004 година досега.

Како што објавија од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, оваа брачна двојка од Штип вчера си замина дома со своите четири деца – ќерката Леонтина и синовите Михаил, Теодор и Ведран. Имено, новороденчињата, родени во 31. гестациска недела, поминаа 38 дена на одделението за интензивна нега и терапија.

„Михаил е роден со 1170 грама, а дома си замина со 1860 грама. Леонтина е родена со 1100, а ја испративме со 1810 грама. Теодор е роден со 1200 грама, а дома си замина со 1920 грама. Ведран е роден со 1370 грама, а од ОИНТ го испративме дома, во Штип, со 2000 грама“, соопштија од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Фото: Фејсбук/Клиника за гинекологија и акушерство

„Докторите и медицинските сестри и акушерки од Клиниката за гинекологија и акушерство на овие мали јунаци им посакуваат среќно детство исполнето со многу здравје, а на среќните родители Благица и Александар полна куќа детска смеа, многу радости и топлина во домот што ќе им ја донесат овие четири мали сонца“, додаваат оттаму.

Фото: Фејсбук/Клиника за гинекологија и акушерство

Д-р Елена Ѓоргиевска – Николовска, која „на свет“ ги донесе Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран вели дека е прекрасно чувството сите четири бебиња заедно да се испратат дома и порача дека тоа било огромен предизвик за сите кои биле дел од оваа среќна приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот