ФОТО: Пижамите заштитен божиќен стил на славните и на богатите

Овие празници како сите да сакаат да потенцираат што е можно повеќе дека се заедно со своите најблиски и дека ништо друго не е важно.

Судејќи според честитките и фотографиите од домовите на најпознатите sвезди – тогаш овој Божиќ најголем хит облека се пижамите. И тоа не какви било, мора сите домашни да бидат облечени во исти пижами. Од елегантни, црни, свилени, до црвено-карирани од фланел или кадифени едноделни…

Мараја Кери

Како вистински владетелка на божиќниот дух и сопственичка на најпознатата божиќна песна, Мараја Кери сериозно ја сфатила својата задача и раскошно го прославила овој празник во својот дом. Пејачката заедно со близнаците Марокан и Монро објави две божиќни фотографии – на едната се облечени во свилени пижами со животински дезен, а на другата во црвени фланелни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Деми Мур

Веќе е познато дека Деми Мур и нејзиното семејство обожаваат тематски прослави. Овој Божиќ, сепак, имале тивки празници, а за честитка позирале на снегот пред куќата, со маски на лицата – прописно оддалечени едни од други. Сите имале црвени или карирани пижами, обвиткани во топли џемпери и палта.

A претходно, во зелени пишами го прославиле и Бадник.

Бекамови

Во семејството на дизајнерката и фудбалерот и божиќната честитка во пижами мора да биде елегантна. Петчленото семејство облекло црни свилени пижами. Дејвид ставил капа на Дедо Мраз на главата и сите позирале прегрнати.

Лили Колинс

Актерката Лили Колинс, актуелна со улогата во серијата „Емили во Париз“, и свршеникот Чарли Мекдауел позирале во исти пижами и со капи на Дедо Мраз на главите. Двојката позирала на отворено, среќно и насмеано, и на сите им го честитаа Божиќ.

И други познати личности го прославија Божиќ во пишами.

Брус Вилис со семејството
Усаин Болд со семејството
Џесика Симпсон со ќеркичката
Рис Витерспун со семејството
Селин Дион со семејството
Кајли Џенер со ќеркичката
Кајли Џенер со ќеркичката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот