Ешли Сент Клер / Илон Маск / Фото: Принтскрин/Икс/EPA-EFE/Patrick Pleul

ФОТО | Писателката ја шокираше јавноста: Пред пет месеци му родив дете на Илон Маск!

Американската писателка и колумнистка Ешли Сент Клер ја шокираше јавноста со објава на социјалната мрежа Икс во која тврди дека му родила дете на милијардерот и претприемач Илон Маск. Ешли Сент Клер тврди дека детето го родила пред пет месеци, а на Маск ова му е 13-то дете. Писателката, заедно со објавата, ја напишала и латинската поговорка „Alea Iacta Est“, што во превод значи „Коцката е фрлена“.

– Пред пет месеци донесов дете на овој свет. Таткото на моето дете е Илон Маск. За ова досега не сум зборувала јавно за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но во изминатите неколку дена таблоидите почнаа да објавуваат информации за нас. Имам намера да му овозможам на нашето дете да расте во нормална и безбедна средина. Поради оваа причина, ги замолувам медиумите да ја почитуваат приватноста на нашето дете и да се воздржат од инвазивно известување – рече Сент Клер во објавата.

 


Илон Маск сè уште не се огласил по повод нејзините изјави ниту ја потврдил оваа информација.

Илон Маск досега имал вкупно 12 деца со различни партнерки. Милијардерот и претприемач првпат стана татко во 2002 година додека беше во брак со канадската писателка Џастин Вилсон. Нивниот син Невада Александар за жал почина по само 10 недели. Парот потоа ги доби близнаците Вивијан и Грифин кои сега имаат 21 година, како и тројката Каи, Саксон и Демијан, кои имаат 18 години. Од врската со пејачката Грајмс, Маск доби син со необичното име X Æ A-12, кој сега има четири години, а Маск во последно време често се појавува во јавноста со него.

Маск и пејачката се разведоа во 2022 година, а заедно имаат уште две деца – Екса Дарк Сидерел, која има три години, и синот Техно Механикус, кој има две години. Пред пејачката Грајмс да ја роди својата ќерка, Маск објави дека има уште две деца, близнаците Страјдер и Азур, со Шивон Зилис, кој е директорка на една од неговите компании.

ВИДЕО | Која е мистериозната „партнерка“ на Илон Маск: Заедно имаат 3 деца, а таа не признава дека се во љубовна врска

ВИДЕО | Маск со својот син во Овалната соба: Трамп потпиша наредба за соработка со него

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот