ФОТО | Пирс Броснан ѝ посвети емотивна објава на сопругата Кили по повод нејзиниот роденден

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пирс Броснан, славниот ирско-американски актер, најпознат по улогата Џејмс Бонд во четири филма од серијалот, на својот  Инстаграм сподели емотивна објава по повод 59-ти роденден на неговата сопруга Кили Шеј Смит.


Актерот објави фотографија на која Кили го прегрнува .

„Среќен роденден драга моја Кили. Те сакам многу. Толку многу години љубов, живот, работа и игра. Да продолжиме понатаму“, напишал Пирс во емотивната објава.

Инаку, Пирс Броснан и Кели Шеј Смит се во брак од 2001 година, а имаат и два сина, Парис и Дилан. Актерот со години се соочуваше со нападите кон неговата сопруга, која често беше критикувана затоа што се здебелила, не пропуштајќи да нагласат дека тој заслужува многу позгодна жена.

„Го обожавам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што ги роди нашите деца. Отсекогаш навистина ја сакав поради личноста каква што е, не поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе затоа што таа е мајка на моите деца. Јас сум многу горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, им одговорил неодамна на скептиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот