ФОТО: Пирло пред отказ, новиот тренер на Јувентус „фатен“ во Торино?
„Бјанконерите“ се во огромен проблем и лесно може да се случи да не ги гледаме во Лигата на шампионите следната сезона, а од трофеите сезонава можат да го освојат само Купот на Италија каде во финалето играат против Аталанта.
Речиси е сигурно дека во Торино ќе има големи промени во текот на летото, а работата на тренерот Андреа Пирло е под големо прашање.
Многу италијански медиуми тврдат дека Пирло ќе добие отказ на крајот од оваа сезона, без оглед на конечниот резултат, а тимот може да го преземе поранешниот тренер на клубот, Масимилијано Алегри.
Искусниот 53-годишен стручњак денеска беше виден во Торино со спортскиот координатор на Јувентус, Федерико Черубини, а шпекулациите за враќање на Алегри на клупата на Јувентус веднаш се активираа.
— Nicola🤍🖤 (@Nicola85925583) May 14, 2021
Алегри е подготвен да се врати во Торино, а еден од условите што го постави е да има менаџерска улога во клубот и самиот да ги доведува играчите.
Ова веројатно ќе го исполни раководството на „Старата дама“ и голема е можноста Алегри повторно да седне на клупата на сега веќе поранешен италијански шампион.
Тој ги водеше великаните од Торино во периодот од 2014 до 2019 година и освои 11 трофеи. Сигурно е дека со враќањето на Алегри, целта повторно ќе биде титулата во Лигата на шампионите која Јуве ја чека уште од 1996 година. Макс Алегри го предводеше Јувентус на 271 натпревар и имаше 191 победа.