ФОТО | Пике за првпат објави фотографија со девојката со која ја изневери Шакира

Фото: Инстаграм/Шакира/Жерар Пике

Шпанскиот фудбалер Жерар Пике и официјално потврди дека е во врска со Клара Чиа Марти, објавувајќи нивна заедничка слика на неговиот инстаграм-профил.

Пике и колумбиската пејачка Шакира ставија крај на долгогодишната врска откако фудбалерот ја изневери со неговата сегашна девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)


Тие двајца беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни годинава, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Неодамна повторно стана актуелно едно старо интервју на Пике од 2021 година, снимено во семејниот дом на фудбалерот и пејачката, а во позадината може да се види Марти.

Сосема разбирливо, Шакира тешко го доживеала сознанието дека Пике ја изневерувал со Марти уште во 2021 година, во период кога пејачката и шпанскиот фудбалер сѐ уште биле „среќни заедно“.

За да биде уште поболно, изневерувањето се случувало во нивниот семеен дом во Барселона, каде што познатата двојка живееше со двете деца.

„Шакира беше скршена кога сфати дека таа жена се чувствувала ‘како дома’ во куќата која таа и Пике ја делеа со нивните деца“, вели извор близок до пејачката за „Пејџ сикс“.

Како одговор на сè, Шакира сними песна во која отворено ги искритикува прељубниците.

„Ме остави како сосетка на свекрвата, со новинари пред вратата и со долгови во трезорот. Мислеше дека ме повреди, но јас се вратив посилна. Жените веќе не плачат, жените наплаќаат…

…Вредам како две 22-годишни. Смени Ферари за Твинго, смени Ролекс за Касио“, се дел од стиховите во новата песна на Шакира.

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот